Accepting citizenship/Македонски

From eRepublik Official Wiki
Jump to: navigation, search
Languages: 
EnglishIcon-English.png
ShqipIcon-Albania.png
عربيIcon-Arabic.png
БългарскиIcon-Bulgaria.png
中文(简体)Icon-China.png
中文(繁體)Icon-Republic of China (Taiwan).png
HrvatskiIcon-Croatia.png
ČeskoslovenštinaIcon-Czechoslovak.png
فارسیIcon-Iran2.png
SuomiIcon-Finland.png
FrançaisIcon-France.png
ქართულიIcon-Georgia.png
DeutschIcon-Germany.png
ΕλληνικάIcon-Greece.png
MagyarIcon-Hungary.png
Bahasa IndonesiaIcon-Indonesia.png
עבריתIcon-Israel.png
ItalianoIcon-Italy.png
한글Icon-South Korea.png
МакедонскиIcon-Macedonia.png
PolskiIcon-Poland.png
PortuguêsIcon-Portugal.png
Portugues BrasileiroIcon-Brazil.png
RomânăIcon-Romania.png
РусскийIcon-Russia.png
СрпскиIcon-Serbia.png
SlovenščinaIcon-Slovenia.png
SvenskaIcon-Sweden.png
TürkçeIcon-Turkey.png
УкраїнськаIcon-Ukraine.png

Откако ќе аплицирате за државјанство ќе треба да почекате за некој конгресмен на таа држава да ви ја прифати апликацијата.

Прифаќање Државјанство

View requests.png
На страната Општество во делот државјани има "Барања за државјанство". На десната страна има копче Види барања. Ако кликнете на него, ќе ве однесе на страница со две јазичиња (табови): Во тек и Одобрено. На десната страна од овие јазичиња (табови), конгресмените ке можат да видат број кој укажува колку "Преостанати државјанства" имаат.

Во тек

На оваа страна ќе видите апликации за државјанство кои сеуште не се истечени или прифатени. На левата страна ќе го видите аватарот на државјанинот и името под насловот Државјанин. Под насловот Детали ќе ја видите причината за нивното аплицирање за државјанство, државата од која моментално имаат државјанство, датумот кога пристигнале во државата во која аплицираат за државјанство и кога нивната апликација истекува.

Accept citizenship.png
На десната страна од апликациите, конгресмените имаат Прифати копче кои можат да го искористат за да ја прифатат таа апликација.

Ве молиме имајте во предвид дека само Конгресмените можат да прифаќаат апликации за државјанство. Рокот на траење на едно државјанство од времето на аплицирање трае десет дена.

Одобрено

На оваа страница вие ќе видите апликации за државјанство кои биле прифатени од некој конгресмен. Под насловот Државјанин ќе го видите аватарот и името на државјанинот. Под насловот Одобрено на е прикажана датата кога апликацијата била прифатена и конгресменот кој го прифатил државјанинот е покажан под насловот Одобрено од.

Ограничувања

Citizenshipasses.png
За да се спречат политички преземања (ПТО), државјанства можат да се доделат само на 10% од гласачкото население на државата (сите државјани со левел поголем или еднаков на 14) за време на еден конгресменски мандат. Еден конгресмен може да прифати одреден број апликации за државјанство, што е 10% поделено по бројот на конгресмени. За држава со 10 000 државјани и 40 конгресмени, тоа би значело дека еден конгресмен може да прифати 0.1 * 10 000 / 40 = 25 апликации за државјанство. Државјаните кои се родени во некоја држава автоматски ке добијат државјанство од истоимената држава и не влијаат на бројот на кој може некој конгресмен да прифати апликации за државјани.

Прашања и Одговори

Ќе биде ли задолжително да СИТЕ конгресмени мораат да прифатат апликации за државјани, во некакво гласање за државјанство? Нема ли тоа да го поплави конгресот?
Не, државјанството е понудено лично и рачно од конгресмен. Нема закон, само листа од која конгресмените можат да одберат на кој да дадат државјанство со едноставно прифаќајки ја нивната апликација за државјанство.

На најмногу 10% од населението на државата на кои веројатно и се нуди државјанство значи многу. Со само еден инфилтриран конгресмен, државјанство може да биде доделено на стотици за обид за ПТО, зар не?
Всушност ова не е вистина. Ова е бидејќи секој конгресмен може да додели државјанство на максимум број луге од вкупниот можен број (вкупен број = 10 % од населенето на државата). Значи, во држава со 10 000 државјани и 40 конгресмени, испаѓа дека “инфилтрираниот” шпион може да понуди државјанство на максимум од 25 личности. Ниеден конгресмен неможе да додели повеќе од 26 државјанства во неговиот мандат во еден месец, без оглед на тоа колку државјанства има достапно од иницијалните 1000.

Ќе биде ли можно да се виде кој конгресмен кој државјанин го прифатил преку модулот за државјанство?
Да, листата за апликации за државјанство е поделена на два дела: Во тек и Одобрени апликации. Листата за прифатените апликации ги прикажува сите граѓани кои добиле државјанство во последните 10 дена и конгресмените кои ги прифатиле.

Повеке Прашања и Одговори - http://www.erepublik.com/en/article/citizenship-faq-and-launch-date-869480/1/20

Видете исто така


Back.gif Back to Citizenship page