Division battle/Македонски

From eRepublik Official Wiki
Jump to: navigation, search
Languages: 
EnglishIcon-English.png
ShqipIcon-Albania.png
БългарскиIcon-Bulgaria.png
中文(简体)Icon-China.png
中文(繁體)Icon-Republic of China (Taiwan).png
HrvatskiIcon-Croatia.png
فارسیIcon-Iran2.png
FrançaisIcon-France.png
DeutschIcon-Germany.png
ΕλληνικάIcon-Greece.png
MagyarIcon-Hungary.png
Bahasa IndonesiaIcon-Indonesia.png
ItalianoIcon-Italy.png
LietuviųIcon-Lithuania.png
МакедонскиIcon-Macedonia.png
PolskiIcon-Poland.png
PortuguêsIcon-Portugal.png
RomânăIcon-Romania.png
РусскийIcon-Russia.png
СрпскиIcon-Serbia.png
EspañolIcon-Spain.png
TürkçeIcon-Turkey.png
УкраїнськаIcon-Ukraine.png


Битки по дивизии

Почнувајќи од Денот 1665, направени се промени на воениот модул според кои секој граѓанин ќе припаѓа на една од четирите дивизии.

Дивизија Ниво Искуствени поени потребни
Национална Гарда 1 - 34 0
Војници 35 - 49 50.000
Специјални Единици 50 - 69 125.000
Тенкови 70+ 225.000

Ова значи дека и секоја битка е исто така поделена во 4 дивизии. На пример: Ако граѓанин со ниво 36 отвори кампања за да се бори, истиот ќе се бори само во 2рата дивизија.


Добивање на битка

Кога една од државите ќе достигне 1800 поени на доминантност битката ја завршува со победа. Овој концепт важи за секоја дивизија посебно. За да се потенцира важноста на дивизиите, имплементирани се поени кои се добиваат откако битката ќе се добие.

Дивизија Кампањски поени
Национална Гарда 1
Војници 2
Специјални Единици 3
Тенкови 5

Доколку една дивизија достигне 1800 поени на доминантност за 90 минути, наредната битка ќе почне откако и останатите 3 дивизии ќе достигнат исто така 1800 поени, со што битките во сите 4 дивизии ќе почнуваат во исто време.


Добивање на кампања

New Military CmpgnDet.png

После секоја добиена битка од страна на дивизија, поените ќе бидат додадени на вкупниот број на кампањски поени.


Пр.: После 1вата битка, доколку Државата А победи во 1вата и 3тата дивизија, Државата Б во 2рата и 4тата, вкупниот резултат ќе биде: Држава А = 4 поени ; Држава Б = 7 поени.

После 2рата битка, доколку Државата А победи во во 3тата и 4тата дивизија, Државата Б во 1вата и 2рата дивизија, вкупниот резултат ќе биде: Држава А = 12 поени; Држава Б = 10 поени.

Секоја кампања може да трае до 15 битки. За државата да ја добие кампањата мора да собере најмалку 83 поена (најголемиот број на поени што може да се добие во 15 битки во сите 4 дивизии).

Секоја кампања завршува кога една од државите ќе освои 83 поена, независно дали сите 15 битки се одржале во таа кампања.


Медали за Херој на Битка и за Херој на Кампања

На крајот на секоја битка, медалот за Херој на Битка се доделува не секој граѓанин што остварил најмногу штета на секоја страна во сите 4 дивизии. Тие добиваат злато како награда според следнава распределба:

Дивизија Злато за Херој на Битка
Национална Гарда 2
војници 3
Специјални Единици 4
Тенкови 5

Ќе се додели само по еден медал за Херој на Кампања на секоја од двете држави што учествувале во кампањата, како и обично, на граѓанинот што остварил најмногу штета во текот на целата кампања.


Тепање со непријателите

Како додаток, копчето за тепање беше надградено и повеќе не се потребни неколку кликања за да се убие непријател. Од сега па натаму, само со едно кликање се прави моментално убиство. Притоа, здравјето ќе биде консумирано во зависност од бројот на удари потребни за убивање на непријателот (важи истиот принцип како и претходно), а штетата, чиновничките поени и искуствените поени ќе бидат соодветно доделени.

Доколку нема доволно здравје за да се победи непријател, здравјето ќе се доведе то 0 и ќе се нанесат соодветен број на удари, но притоа нема да се убие истиот, нема да се одзема дополнително здравје ниту пак да се консумира енергетско чоколадо (како што е случајот при работење).