eRepublik
Languages: | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
“ eRepublik е огледална верзија на реалниот свет каде корисниците ги остваруваат своите политички, економски и/или воени аспирации за да го сменат курсот на историјата. Во eRepublik граѓаните можат да ги живеат своите соништа, да разговараат со пријателите и да запознаат нови додека го запознаваат Новиот Свет. За да дознаете повеќе посетете ја www.erepublik.com. ” |
eRepublik е стратегиско-економска онлајн игра со масивен број на меѓусебно социјално поврзани играчи (ММО). Играта дозволува играчите да учествуваат како индивидуални граѓани во виртуелниот свет. Играта е создадена од страна на Alexis Bonte и George Lemnaru.
eRepublik ги комбинира социјално поврзување и стратегијата во една единствена онлајн игра каде што играчите учествуваат во голем број на активности. Граѓаните на eRepublik можат да поседуваат сопствени компании, да формираат политички партии, да гласаат на избори, да пишуваат новинарски статии и дури да војуваат како граѓани на виртуелните верзии на државите од реалниот живот.
При регистирањето во играта, корисникот избира на која виртуелна држава сака да стане граѓанин. Секоја од тие држави е именувана според веќе постоечка држава во вистинскиот живот и е поставена на слична локација на мапата. Граѓанинот има можност да се вработи во компанија која се наоѓа во таа држава и да тренира како војник. Тренирањето и работењето може да се извршуваат секој ден. Една од главните предности на играта е тоа што се потребни „14 минути на ден“ за да се учествува.
- eRepublik Beta беше пуштена на 20ти Ноември 2007.
- eRepublik Beta беше отстранета на 12ти Октомври 2008 и eRepublik Version 1 беше пуштена два дена подоцна на 14ти Октомври.
- Првата годишнина на V1 беше прославена на 14ти Октомври 2009.
- V1 беше отстранета на 6ти Јули 2010 и Rising беше пуштен еден ден подоцна, на 7ми Јули.
Новиот Свет
Светот во eRepublik се нарелува „Новиот Свет“.
Други линкови
- Официјалниот весник на eRepublik - eRepublik Insider
- Комуникација на заедницата
Видете исто така
Мени |
---|