Resistance/Македонски
Languages: | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Војна |
---|
Military tutorial • Војна • Објавување војна • Природен непријател • Воздушен напад • Бојно поле • Aircraft battle • Битки по дивизии • Востание • Determination • Empire • Defence shield |
Востанијата се војни кои се започнати од граѓани кои сакаат да ослободат оригинални региони од окупација.
Започнување на востание
Вие и девет други граѓани можете да поддржите востание. Сите вие ќе добиете одликување востанички медал ако регионот се ослободи.
Вие можете да поддржите и започнете востание ако:
- вие се наоѓате во регионот што сакате да го ослободите;
- вие имате 1000 парични единици од државата што оригинално го поседува тој регион;
- десет (10) граѓани го поддржуваат востанието;
- регионот бил освоен пред повеќе од 24 часа;
- востаниците од државата не се борат во друго востание во истата окупирачка држава;
- регионот не е претходно нападнат од трета држава.
Востанието започнува автоматски откако и десетиот граѓанин ќе го поддржи востанието.
Ако државата што оригинално го поседува регионот си го поврати регионот (преку нормална војна или како природен непријател) пред да започне востанието тогаш граѓаните што го поддржале востанието ќе си ги добијат назад своите 1000 парични единици.
(На пример, јужна Австралија е окупирана од Индонезија. Осум луѓе поддржале востание што значи дека востанието сеуште не започнало. Ако Австралија, државата што оригинално го поседува регионот, го освои регионот со традиционална војна тогаш осумте граѓани што дале по 1000 парични единици (во овој случај AUD-австралиски долар) за започнување на востанието ќе си ги добијат назад своите пари.).
Ако востанието не успее (окупаторот го одбрани регионото) граѓаните кои го поддржале востанието нема да бидат во можност да поддржуваат востанија во наредните 7 дена. Тие ќе го видат копчето Support(Поддржи) но кога ќе кликнат на него тие ќе добијат порака што им кажува дека не можат да поддржат востание.
Дополнително, граѓаните можат да ја покажат својата поддршка со "гласање" за востанието. Овие гласови не се сметаат како поддршка. Ако сте гласале некое востание вие ќе бидете алармирани кога востанието ќе започне.
Борење во востание
За да се борите вие морате да се наоѓате во државата која моментално го поседува регионот во кој се одвива востанието. Процесот на борење е ист како и кај нормалните битки. Единствената разлика е во тоа што треба да изберете страна за која сакате да се борите. Страната можете да ја изберете од воената страница:
Види исто така
Воени Активности |
---|
Војник · Кампови за Тренирање · Војување · Воено Поле · Воен Чин · Воени Формули |