Rising/Македонски
Languages: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Rising е втората комплетна верзија (V2) на eRepublik која ја замени V1 на 7ми Јули 2010.
Опис
Rising беше дизајнирана да внесе повеќе модули во играта. На 956-иот Ден од Новиот Свет беа додадени следниве новитети: потезна борба, можноста за подобрување на продуктите, нови системи за раководење на времето, итн. Многу од овие модули беа отстранети подоцна.
Отстранети опции
Подолу се набројани опциите кои беа карактеристични за Rising верзијата, а што беа потоа отстранети.
Раководење на Времето
Во eRepublik Rising постоеше систем за Раководење на Времето и се состоеше од: Работење, Тренирање, Студирање и Рекреација.
Градско Подрачје
Градското Подрачје беше првата опција од Моите Места менито. Преку него се влегуваше во следниве локации: Компанија, Кампови за Тренирање, Библиотека и Населена Област. Локациите достапни во Градското Подрачје беа наменети да му помогнат на граѓанинот да ги унапредува своите работни и воени вештини, среќата и да му овозможат да спечали пари.
Библиотека и Професии
Библиотеката му помагаше на граѓанинот да студира. Студирањето ги намалуваше здравјето и среќата, но ја зголемување Вештината на граѓанинот.
Студирањето ја зголемуваше Вештината за една Професија, по избор на граѓанинот. Граѓанинот можеше да студира за Професија најмалку 2 часа, а највеќе до 12 часа. Граѓанинот можеше да бира дали да студира една Професија или повеќе Професии, но не можеше да студира една Професија повеќе од еднаш на ден.
Населена Област и Среќа
После ден исполнет со работење, студирање и тренирање, Среќата на граѓанинот може да се најде на многу ниско ниво. Населената Област беше место каде граѓанинот може да се опушти и да си ја зголеми Среќата.
Граѓанинот беше ограничен на 12 часа можност да се опушта. 1 час беше минимумот што граѓанинот мораше да го потроши за оваа активност, при што за секој час се добиваше по 1 поен Среќа. Граѓанинот имаше можност да користи засилувачи, со што ги зголемуваше бројот на поени кои се добиваа после завршување на активноста.
Центар
Центарот беше втората опција во Моите Места менито. Преку оваа опција се пристапуваше до Партијата, Весникот, Информациите за Државата, Каналите за разговор, Организациите, и Маркетинг Агенцијата.
Маркетинг Агенцијата
Маркетинг Агенцијата беше место каде можеше да се рекламираат статиите.
Спротиставувањето на eRepublik Rising
Многу од играчи сметаа дека втората верзија на eRepublik направи големо намалување на квалитетот на играта - во споредба со првата верзија. Ова мислење се базираше на тоа што администраторите постојано вршеа промени на сите нивни одлуки и поради продолжувањето на времетраењето на битките, во зависност од денот.