Достигнувањата
From eRepublik Official Wiki
This translated page is outdated and the information may no longer be valid. |
Languages: | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
- Достигнувањата се претставени како икони во профилот на граѓанинот.
- Достигнувањата можат да се остварат повеќе од еднаш, доколку потребните услови се исполнат повеќе пати. Овие повеќекратни остварувања се означени со бројката на самиот трофеј ().
- Кога ќе остварите Достигнување, добивате 5 парчиња Злато (исклучок се Достигнувањата Херој на Битката за дивизиите 1, 2 и 3).
- Доколку граѓанин што сте го поканиле оствари Достигнување, тогаш вие ќе добиете награда во износ од 10% од неговата/нејзината награда. Оваа сума не се одзима од првичната сума на граѓанинот.
Вреден Работник: Граѓанинот има работено 30 дена. (*1) | |
Член на Конгресот: Граѓанинот бил избран за Конгресмен. | |
Претседател на Државата: Граѓанинот бил избран за Претседател на Државата. | |
Медиумски Могул: Граѓанинот има добиено 1000 претплати на неговиот/нејзиниот весник. | |
Херој на Битката: Граѓанинот нанел најголема штета за неговата/нејзината страна во една битка. | |
Херој на Кампањата: Граѓанинот нанел најголема штета за неговата/нејзината страна во целата кампања. | |
Херој на Отпорот: Граѓанинот поддржал востание кое успешно ослободило регион. | |
Супер Војник: Граѓанинот ја зголемил својата сила за 250 поени. | |
Градител на Општеството: Граѓанинот поканил 10 луѓе кои оствариле десетто ниво 10. | |
Платеник: Граѓанинот поразил 25 непријатели за 50 различни држави. (*2) | |
Врвен Борец: Граѓанинот бил рангиран во листата „Топ 100 најголема дневна штета нанесена“ 30 пати. | |
Вистински Патриот: Граѓанинот нанел одредена количина на штета додека се борел за неговата/нејзината матична држава. |
File:Ambasmedal.jpg | eRepublik Амбасадор - Специјална ознака која го означува амбасадорскиот статус на граѓанинот. |
Модератор на Играта - Специјална ознака која се доделува на модераторите на играта. | |
eRepublik Елитен Граѓанин - Ознака која се доделува откако граѓанинот ќе го достигне стотото ниво и ќе ја заврши специјалната мисија. |
Референци
(*1) Претходно, достигнувањето Вреден Работник се доделуваше по 30 дена непрекинато работење.
(*2) Граѓанинот одбира за кои 50 држави сака да се бори.